Пад на продажбата, намалени расходи a рекорден профит на Fiat-Chrysler

ОБЈАВЕНО НА:

Лани Fiat-Chrysler групацијата имаше пад во продажбата за 3 отсто, но истовремено и расходите беа намалени. Тоа доведе до подобри резултати во работењето. И не само подобри, туку  најдобри откако е формирана групацијата. Истовремено и работниците ќе имаа бенефит во вид на бонуси.

Според Серџио Маркионе, извршниот директор на групацијата, овие добри бројки се резултат на спроведувањето на стратешкиот план што има за цел зголемување на присутноста на пазарот и зголемување на профитот. Маркионе смета дека ова е само 60 отсто од исполнувањето на зацртаниот план што треба да се оствари во периодот 2014 – 2018.

Профитот на FCA групацијата по оданочување во 2016 година изнесувал 1,8 милијарда евра. Тоа е многу подобро во однос на претходната година кога профитот беше само 93 милиони евра.

Планот за 2017 е профит од 3 милијарди евра. 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK