Audi му „украде“ директор на BMW

ОБЈАВЕНО НА:

Audi преку соопштение објави дека Маркус Дуезман ќе го наследи Брам Шот на позицијата извршен директор од 1 април 2020 година.

“Тој го зазема менаџментот на Audi во тешко време” изјави Херберт Дис, првиот човек на Volkswagen Групацијата за Брам Шот кој на позицијата во Audi дојде во јуни минатата година кога Руперт Штадлер беше уапсен од властите поради скандалот со издувни гасови.

Дуезман (50) доаѓа во Audi откако претходно беше директор на BMW. Тој со доаѓањето на раководната позиција на овој производител ќе има за цел да ги реализира стратегиите за електрификацијата во наредните години.

“Очекуваме Маркус Дуезман и неговиот менаџерски тим да овозможат стабилен капацитет на фабриките и да промовираат повеќе кураж за водење преку технологијата” изјави Петер Мош, првиот човек на работничкиот совет на Audi.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK