Погледнете го краш тестот на Aurus – службениот автомобил на Путин (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Пред три години беше претставен концептниот автомобил Aurus Senat кој се прослави како службен автомбил на Владимир Путин. Поради перформансите овој автомобил уште за првите неколку месеци беше во целост распродаден и тоа за сите примероци планирани да се произведат во наредните две години.

Интерес предизвика и краш тестот на овој автомобил кој беше спроведен во Русија. Иако на прв поглед автомобилот претрпува голема штета, сепак ја задржува стабилноста на конструкцијата, а куклите остануваат на своите места.

Исто така, на време се активираа воздушните перничиња така што тестирањето е генерално третирано како успешно спроведено.

За потсетување, автомобилите од овој бренд се произведуваат од страна на Централниот научноистражувачки автомобилски и автомоторен институт (НАМИ). Планираниот тираж за првата година изнесува 300 возила, а сите модели се опремени со 4.4-литарски V8 мотор со моќност од 600 коњски сили, електричен мотор-генератор и деветстепена автоматска трансмисија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK