Audi ќе го удвои бројот на RS модели

ОБЈАВЕНО НА:

Германската компанија планира во следните 18 месеци да го удвои бројот на RS модели во својата понуда. Ова го потврди и Главниот извршен директор Стефан Винкелман.

Според пишувањата на Аутокар, во почетокот на 2018 година дополнителни осум RS модели ќе се појават на пазарот, и ќе ја дополнат сегашната понуда од седум модели. Меѓу новите модели што треба да добијат RS изведби се и моделите А1 и Q5, нова RS4 и веројатно, нова верзија на R8 што треба да биде покренувано од неодамна потврдениот 2,9 литарски твин турбо.

Сегашната понуда на Audi Sport се состои од моделите R8, RS3, RS Q3, TT RS Coupe, TT RS Convertible, RS6 и RS7.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK