И официјално Honda ја затвора фабриката во Велика Британија

ОБЈАВЕНО НА:

Она што на големо се шпекулираше последните неколку денови доби и официјална потврда – Honda ја затвора фабриката во Велика Британија. Во официјално соопштение објавено од јапонскиот производител се наведува дека фабриката во англискиот град Свиндон ќе биде затворена во текот на 2021 година.

Во соопштението се наведува дека Honda со цел да се посвети на значајните предизвици во електрификацијата ќе ги релоцира производствените операции фокусирајќи ги при тоа истите во региони каде се очекуваат зголемен производствен обем.

Изненадувачки во ниту еден дел од соопштението не се наведува излезот на Велика Британија од ЕУ како една од причините иако многу други автомобилски компании најавија дека ќе се повлечат од Велика Британија токму поради Брекситот.

Во Свиндон во моментов Honda го произведува моделот Civic, а овој единствен модел ќе продолжи да се произведува се до 2021 година. Истовремено, во соопштението се наведува дека компанијата сепак ќе продолжи да оперира со фабриката во Турција.