Заврши голготата: И државата го призна Давидовски за нов претседател на АФМ

ОБЈАВЕНО НА:

Централниот регистар на Република Македонија пред некој ден го впиша Виктор Давидовски за нов претседател на Автомобилистичката федерација на Македонија. По одржаното Собрание на 17 февруари дури сега е впишана измената со која треба да дојдат нови промени во авто спортот во Македонија. Од 16 активни клубови, дури 10 беа за промени, а девет се појавија на Собранието.

По осум години несогласувања, проблеми, натегања и пред сѐ немање на државни првенства во автомобилизам голем дел од клубовите конечно избраа ново раководство. Во минатото несогласувањата се развлекуваа преку судски одлуки, жалби, и пресуди кои понекогаш завршуваа и во некои фиоки. Сепак сѐ си дојде на свое место.

 

Конечно избран нов претседател: Виктор Давидовски ќе го води АФМ

Сега новото раководство ќе може да се посвети на исполнување на ветеното, пред сѐ надминување на разликите и организирање на трки кои долго време ги нема во Македонија, па нашите возачи често се решаваа да се тркаат во странство со лиценци од други земји.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK