Организаторот даде објаснување: Водно се откажа заради безбедност на возачите

ОБЈАВЕНО НА:

Планираниот ридско брзински натпревар на Водно, што викендов требаше да се одржи е одложен, а организаторот АКК Проспорт-Скопје преку својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук даде објаснување за причината.

„АКК Проспорт- Скопје, како технички организатор на ридско брзински меѓународен натпревар “Водно 2017“ кој се бодува за FIA Централно Европска Зона и требаше да се одржи по календарот на Автомобилистичка Федерација на Македонија и FIA CEZ на 19ти и 20ти Август 2017 година, за жал бевме приморани да го откажеме натпреварот и им се извинуваме на сите фанови и вљубеници кон авто спортот. Натпреварот се откажа поради безбедност спрема публиката и 10те натпреварувачи и нивните екипи, бидејќи се соочивме со опструкција од група граѓани кои најавиле мирен протест, а истите ја саботираа патеката со истурање на огромна количина моторно масло на сите три лакта по должина од по 200 метри и фрлени карпи и камења по патеката од познатата кривина “ лажи вере“ па се до средно Водно. Постапувајќи на таков начин во доцните часови на 18ти Август ја загрозила и бзбедноста на учесниците во јавниот сообраќај на патниот правец од Панорама до средно Водно, се вели во соопштението.

Во саботата натпреварот беше одложен, а имаше пријавено само седум натпреварувачи. Трката требаше да се бодува за домашното првенство и FIA CEZ.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK