Топ 10 на држави производители на автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Податоците од ACEA, за 2017 година, велат дека на светски план биле произведени повеќе од 80.000.000 нови возила. Во Европа е забележано производство на 17.000.000 возила и ова е првпат да се има вакво подобрување после економската криза во 2007 година.

Лидер кај државите производители на автомобили е Кина, каде во 2017 година биле склопени точно 23.554.031 автомобили, што претставува зголемување за 4,4% во однос на 2016 година.

На второто место со произедени 16.957.230 возила и подобрување од 0,2% е Европа, додека на 3. место е Јапонија со раст од 5,8% и произведени 8.212.033 автомобили.

Во топ 10 меѓу државите производители на авомобили се најдоа уште и: САД (8.081.623, -11.5%), Индија (3.886.293, +7%), Јужна Кореја (3.783.030, -3.1%), Мексико (2.936.509, +16.9%), Бразил (2.277.604, +27.1%), Канада (2.165.740, -8.6%) и Иран (1.408.398, +23.6%).

Дури и со пад во однос на 2016 година, лидер во Европа е Германија со произведени 5.645.581 автомобил, додека во топ 10 држави во Европа влегуваат: Шпанија (2.291.492), Франција (1.674.717), Велика Британија (1.671.166), Чешка (1.413.881), Словачка (949.365), Италија (742.642), Полска (514.700), Унгарија (472.107) и Романија (364.654).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK