McLaren го менува името на болидот

ОБЈАВЕНО НА:

По заминувањето на Рон Денис од McLaren во тимот менуваат се` што е поврзано со поранешниот претседател. Сега екипата најави дека ќе го смени името на болидот за следната сезона.

Уште од 1981 година болидите на McLaren беа со ознаката MP4, но сега ќе бидат преименувани во MCL. Британскиот тим најави дека 2017 година ќе биде во знакот на промените, па и во согласност со тоа се менува името на болидот.

Според ова, новиот болид наместо досегашната практика MP4-32 ќе се вика MCL32.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK