За да нема измами: Airbnb ќе врши инспекција на сите пријавени објекти

ОБЈАВЕНО НА:

Airbnb започнува со инспекции за сите имоти регистрирани на платформата. Ова го изјави во серија твитови, цитирани од Би-Би-Си, извршниот директор на „Airbnb“ Брајан Чески.

Пред некое време, Vice News спроведе истрага, во која се открива дека имало многу туристи кои биле жртви на измама. И во една иста шема. Откако гостите пристигнале на одмор, тие обично добивале телефонски повик од сопственикот, каде им велело дека имотот веќе не е достапен заради резервација во итни случаи.

Но, тој им понудувал да ги преместат во друг објект, кој многу често се наоѓа во друга област и без удобностите што биле ветувани порано и кои биле платени. Во многу случаи, гостите одлучуваат да останат една вечер во новото сместување. Во тој случај, Airbnb одбивал да ги врати парите што ги платиле, пишува Би-Би-Си.

По овие откритија во серија твитови, главниот извршен директор на Airbnb рекол дека во секој регистриран дом на платформата ќе биде извршен увид до декември 2020 година. Тој исто така напишал дека целата сума на измаменте гости ќе им биде надоместена.

Брајан Чески исто така потврдил дека ќе почне со работа и телефонска линија каде секој турист, без оглед каде и да е во светот, може да се јави и да предупредува во случај на какви било неправилности.

„Мерките што ќе ги преземе фирмата за изнајмување на сместување се позитивни. Но, индустријата сè уште треба да стори повеќе за да се осигура дека туристите нема да имаат фрлени пари во ветер за непостоечки одмор “.

Ова значи дека треба да внимавате многу при резервација на сместување и секогаш да ги читате прпеораките што ги оставаат гостите за одредено сместување. Така ќе знаете дали навистина се работи за проблематично сместување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK