Започна продажбата на новиот Korando

ОБЈАВЕНО НА:

Откако годинава во Женева беше премиерно претставена продукциската верзија од новата генерација на Korando, јужнокорејскиот производител во својата фабрика во Пјеонгтаек го започна производството.

Во понудата овој SUV достапен ќе биде со 1.5 литарски бензински GDI-T I4 мотор позајмен од Hyundai Motors, а тука се и помоќните, 2.0 литарски бензински MPI I4 мотор и дизелскиот 1.6 литарски I4-T. Купувачие ќе може да одбираат помеѓу шест степен мануелен и шест степен автоматски менувач.

Должината на овој модел кој ќе биде и носиел на европската понуда изнесува 4.450 мм, ширината 1.870 мм додека пак висината 1.675 мм.

SSangYong Korando

Со оваа нова генерација доаѓа и богата опрема за безбедност и асистенција како што се сензори за алармирање на мртов агол, помош при стартување на угорнини, систем за избегнување на судар, систем за предупредување на напуштање на коловозна лента и многу други системи.

SSangYong Korando

Korando најпознатиот модел во понудата на јужнокорејскиот производител. Во понудата се појавува во 1982 година кога е лансирана првата генерација, а од тогаш па се до денес во континуитет е дел од понудата на SsangYong. Инаку покрај во Јужна Кореја, овој SUV се произведува и во Русија, Украина, Шри Ланка и Бразил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK