Вака треба да изгледа новата BMW серија 1

ОБЈАВЕНО НА:

Уште од минатата година кога од BMW го најавија доаѓањето на новата генерација на серија 1 на интернет се појавија многубројни рендери за можниот изглед. Меѓутоа сега и официјално е познат изгледот откако на интернет се појавија шпионски фотографии од продукцискиот модел.

Изгледот е во рамките на бројните рендери кои се појавија. Поспортски и поагресивен изглед со доминација на препознатливите “бубрези” на баварскиот производител. Тука е и нова платформа FAAR кој модифицирана ја користат и моделите X1, X2 и 2 Active Tourer што значи дека овој модел ќе има погон на предните тркала.

Во однос на моторите ќе бидат понудени и бензински и дизелски. Основниот бензински агрегат доаѓа со трубо полнач кој ја има под ознаката 116i и располага со 109 КС. Најсилниот бензински мотор М140i го покренува 6 цилиндричен реден турбо мотор кој развива 340 КС.

BMW M135i xDrive

Основната дизелска понуда на мотори 116d од трицилиндри нуди 116 КС, а најсилната опција (125d) развива 224 КС. Моделот 118d, 120d и M140i може да се добијат и со погон на двете оски (xDrive), а во зависност од избранио модел од серија 1, може да се добие и 6-степен рачен или автоматски менувач со 8 брзини.

Премиерата на овој модел неофицијално се дознава дека ќе се одржи во септември во рамките на саемот за автомобили во германскиот град Франкфурт.