Терминатор: Ова е автомобил со 5.000 коњски сили! (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Оние коишто беа во Дубаи имаа можност да го видат суперавтомобилот Devel Sixteen, кој има агрегат со капацитет од 12,3 литри и произведува 4.515 коњски сили. Од компанијата велат дека тоа е прототип, кој во себе има агрегат способен да произведе и неверојатни 5.000 коњски сили што секако ќе биде вистински терминатор меѓу автомобилите.

Концептот на овој автомобил се појави исто така во Дубаи пред четири години. Уште тогаш беше ветено дека ќе има максимална брзина од 560 километри на час. Пред извесно време се појави и видео со V16 агрегатот кој ќе се најде во овој автомобил. Компанијата во Дубаи претстави три различни автомобили. Еден е теренец со шест тркала, а другите се прототипови.

Девел соработува со компанија од САД за производство на агрегати, а за дизајнот со компанијата Scuderia Cameron Glickenhaus, која учествуваше во дизајнот на новиот суперавтомобил Apollo Intensa Emozione.
Инаку, верзиите за на пат се со 2.000 и 3.000 коњски сили, додека верзиите за на патека ќе достигнат до фамозните 5.000 коњски сили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK