Во Франкфурт доаѓа Suzuki Swift Sport

ОБЈАВЕНО НА:

Есенва на саемот во Франкфурт, Suzuki се подготвува да ја покаже спортската верзија на моделот Swift, и ја објави и првата фотографија на изгледот на автомобилот.

Новина овојпат е што наместо атмосферскиот 1.6 литарски мотор во автомобилот ќе се вградува турбо верзија. Моторот најверојатно ќе биде од Vitara, односно турбо 1.4 Boosterjet што произведува 138 КС и 220 Нм вртежен момент. Тие перформанси ги има кога е вграден во СУВ верзијата.

Комбинирајте го ова со навистина ниска тежина на возилото, а извештаите зборуваат за најниско ниво од 870 килограми, па новиот Suzuki Swift Sport ненадејно звучи „поостро“ од кога и да е, бидејќи ќе овозможи импресивен сооднос на моќност од 159 КС по тон.

Повеќе детали ќе имаме штом Сузуки ќе го покаже новиот Swift Sport во вторникот, на 12 септември.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK