“Сам свој газда” – Hyundai целосен сопственик на фабриката во Турција

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai Motors е целосен сопственик на фабрикaта во Турција, пренесуваат медиумите во оваа земја.

Според истите, јужнокорејскиот производител ги откупи преостанатите 30% од Kibar Holding и сега во целост ја поседува фабриката Hyundai Assan Otomotiv, лоцирана во близина на Измир.

Во оваа фабрика во моментов Hyundai ги произведува моделите i20 и i10, а претходно во оваа фабрика се произведувале моделите Accent, Grace, Starex и Matrix.

Инаку фабриката е основана во 1994 година како заедничка компанија со Kibar Holding. Во неа работат нешто над 2 илјади работници, а годишното производство надминува над 180 илјади возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK