Германците горди на новото Polo со кое ќе се покорува класата на градски возила (Фото + Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Од 1975 година кога првпат беше понуден Polo, па сѐ досега во светот се продадени повеќе од 14 милиони примероци. Тоа укажува на довербата што досега ја имал модел меѓу купувачите, па и надежите дека и новиот би требало да продолжи по стапките на неговите претходници.

Секогаш кога Volkswagen ќе најави дека има нов модел, сите знаат дека тој ќе биде играч во својата класа, модел со кој компанијата ќе се гордее, а истовремено ќе прави и продажни бројки и профит. Шестата генерација на VW Polo беше официјално прикажана во Берлин, а пошироката јавност ќе може да го види на саемот во Франкфурт есенва.

На прв поглед сигурно коментарите се дека Polo наликува на Golf, а и со димензиите се прикближува кон поголемиот брат во семејството. До крајот на годината на најважните европски пазари возилото ќе биде во понудата кај продавачите. Се најавува и атрактивна цена, а во Германија почнува од 12.795 евра, заедно со Front Assist како стандардна опција.

Ова е шеста генерација на Polo, кој сега е поголем, технички понапреден и најекономичен досега. Базиран на MQB A0 платформата, новиот градски адут е најголемото Polo што досега е произведено, со димензии од 4.053 мм. должина и доаѓа со 94 мм. подолго меѓуоскино растојание, што најмногу ќе се почувствува во внатрешноста каде патниците ќе уживаат во подобрениот комфорт. Дури има и повеќе место за багажот, и тоа вкупно 351 литар.

Со отворањето на вратата на автомобилот се гледа квалитетот на користените материјали. Како опција ќе се нуди и дигиталн аинструмент табла, најнов инфозабавен систем со 6.5 и со 8 инчен екран, Apple CarPlay, Android Auto, MirrorLink, систем за автоматско сопирање, ЛЕД предни светла, систем што го предупредува возачот на постоење возило во нртов агол, прилагодлив темпомат, како и опционален R-Line пакет на опрема.

Интересно е што од самиот почеток на продажбата ќе ја има и GTI верзијата. Оваа верзија ќе има 2.0 TSI бензински мотор со 200 КС, заедно со 6 степен мануелен или 7 степен DSG менувач со двојно квачило. GTI пакетот го сочинуваат и аеро боди кит, маска со црвена линија, алуминиумски тркала од 17 инча, спортско наслонување, спортски издувен систем со две хромирани цевки, засилени сопирачки, кожен волансо црвен конец, спортски седишта со карактеристичнa GTI шема.

На почетокот ќе може да се добие само со верзија од пет врати, слично како и Seat Ibiza.

Понуда на мотори – бензински:

• 1.0 MPI со 48 kW / 65KS, 5-степен менувач
• 1.0 MPI со 55 kW / 75KS, 5-степен менувач
• 1.0 TSI со 70 kW / 95KS, 5-степен мануелен / 7-степен DSG
• 1.0 TSI со 85 kW / 115KS, 6-степен мануелен / 7-степен DSG
• 1.5 TSI со 110 kW / 150KS, 6-степен мануелен / 7-степен DSG
• 2.0 TSI со 147 kW / 200KS, 6-степен мануелен / 7-степен DSG

Дизелски:

• 1.6 TDI со 59 kW / 80KS, 5-степен мануелен
• 1.6 TDI со 70 kW / 95KS, 5-степен мануелен / 7-степен DSG

Природен гас:

• 1.0 TGI со 66 kW / 90KS, 5-степен мануелен

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK