Porsche Cayenne „случајно“ покажан пред официјалната промоција

ОБЈАВЕНО НА:

Многу често, а понекогаш и намерно пред да бид еофицијалната промоција на некој модел, „случајно“ дел од фотографиите и деталите за некој автомобил се појавуваат во јавноста. Така се држи тензијата. Иако промоцијата на Porsche Cayenne е закажана за 29 август, а дел од фотографиите се веќе на интернет. Цената на основниот модел се очекува да бид еоколу 70.000 евра.

СУВ возилото ја користи MLB платформата – исто како неговите колеги Audi Q7 и Bentley Bentayga. Мешавината од алуминиум, јаглерод и челик со висока цврстина треба да го направи ова Porsche полесно и поагилно. Внатрешноста, инфозабавниот систем и безбедносните асистенти се најновата технологија.

Новиот Cayenne е до 70 кг полесен од својот претходник и веќе има типично за Porsche подебели гуми позади. Новина кај Cayenne e футуристичкиот кокпит, кој се одликува со јасни хоризонтални линии и великодушно “застаклена” централна конзола. Како и кај Panamera, и тука Porsche има ставено екран осетлив на допир за контрола на инфозабавниот систем и за климатизација. Брзините може да се менуваат преку менувач на централната конзола или рачките зад управувачот. Со пакетот Sport Chrono, корисниците ќе добијат кружна стоперка што доаѓа од врвот на таблата со инструменти.

Кога Cayenne ќе биде лансиран на пазарот, ќе биде понуден со три бензински агрегатот: 3 литарски V6 Тurbo (340 КС), 2.9 литарски V6 Biturbo (440 КС) за Cayenne S и 4 литарскиот V8 Biturbo со 550 КС за Cayenne Turbo. Во подоцнежна фаза ќе има и плаг-ин хибрид, првично со V6 Biturbo, а подоцна и со V8. Со него моќноста на системот ќе изнесува околу 700 КС.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK