Новото Toyota Aygo се тестира – во производство до крај на годинава

ОБЈАВЕНО НА:

Претходните генерации на Aygo беа направени заедно со градските автомобили Peugeot 108 и Citroen C1, но Stellantis оттогаш донесе одлука да не ги замени нивните модели. Ова значи дека Toyota самостојно ќе ја гради следната генерација Aygo, и наместо тоа ќе користи модифицирана платформа од Toyota Yaris.

Toyota продолжува да ја освежува и обновува својата понуда а според последните фотографии и информации следен е малиот Aygo. Неговото тестирање веќе е фатено од папарацо фотографите и тоа на југот од Европа. Се шпекулира дека малиот градски автомобил на Toyota ќе почне со производство кон крајот на годината и ќе влезе во понудата како помал роднина на Yaris кој лани имаше премиера.

Прототипот продолжува да има значителна сличност со концептот Aygo X Prologue Concept од почетокот на годинава. Ако се анализираат фотографиите, камуфлираниот тест автомобил има многу растојание од земјата – иако не толку колку што беше концептот. Други сличности вклучува и поставеноста на тркалата кои се „исфрлени“ до сите четири страни.

Се чини дека тест -автомобилот има и покрив од платно. Самиот платнен покрив се протега далеку во кабината.

Претходните генерации на Aygo беа направени заедно со градските автомобили Peugeot 108 и Citroen C1, но Stellantis оттогаш донесе одлука да не ги замени нивните модели. Ова значи дека Toyota самостојно ќе ја гради следната генерација Aygo, и наместо тоа ќе користи модифицирана платформа од Toyota Yaris.

Се очекува новиот Aygo да се нуди само со опции за бензински мотори, да ги одржува цените прифатливи, додека хибридот со самополнење, како што се наоѓа во најновиот Yaris, би можел да се приклучи на гамата.

Toyota Aygo најверојатно ќе биде претставен во првата половина на 2022 година. Дизајниран во Белгија, додека производството ќе започне во Чешка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK