Новиот Jaguar F-Type и официјално претставен

ОБЈАВЕНО НА:

Jaguar на свечена церемонија и официјално ја претстави новата генерација од моделот F-Type откако во 2013 година беше за прв пат воведен во понудата на овој производител.

Новата генерација доаѓа со значително изменет дизајн, особено во предниот дел каде останува да доминира препознатливата маска на Jaguar. Задниот дел е без големи измени. И натаму се следи актуелната дизајнерска филозофија која е применета кај повеќето модели меѓу кои и F-Pace.

Основен мотор во понудата е 2,0 литарскиот турбобензински I4 мотор кој Jaguar го воведе минатата година. Тука е и помоќниот 3,0 литарски, но и 5,0 литарскиот V8 бензински мотор.

Jaguar F-Type

Внатрешноста останува доследна на актуелната генерација со неколку поблаги измени. Тука е новиот Touch Pro инфотејнмент систем кој доаѓа со најновата верзија на Android Auto и Apple CarPlay. Доминира 12,3 инчната дигитална инструментална табла.

Jaguar F-Type

Во продажба овој автомобил ќе се појави во текот на првата половина следната година, а неофицијално, почетните цени во Велика Биртанија ќе стартуваат од 54 илјади фунти.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK