Колку се точни брзинометарите? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Дали и колку брзинометарите се точни? Екипата на Johnny Bohmer Proving Grounds направи истражување однсно експеримент и при тоа видеото од истиот го објави на својот YouTube канал.

За да може да одговорат на ова прашање тие искористија McLaren 570S како и дополнителна опрема за мерење на брзината од Garmin и Tag Heuer.

При брзина на суперавтомобилот од 217 mph (349 km/h), на опремата на Garmin покажана била брзина од 205 mph (330 km/h) додека на онаа од Tag Heuer 205,6 mhp (331 km/h). Оттука најголемата разлика изнесува 19 km/h.

Се наведува дека колку брзината на движење е поголема толку и отстапките односно разликите се поголеми.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK