Новата Skoda Kamiq ќе почне да го освојува пазарот во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Интернационалниот саем кој на 25 април ќе стартува во Пекинг ќе биде шанса за презентирање на новите модели на возила, а информациите говорат дека Skoda планира да го промовира субкомпактниот модел. Новиот модел би требало да го добие името Kamiq, а тоа е возило кое е блиско со размерите со концептот  Skoda Vision X, со моделите Volkswagen T-Roc и Seat Arona. Тој наликува и на хечбекот Skoda Rapid Spaceback, како и на други идентични габарити. Сличноста е дотука бидејќи платформата и видот на купето се различни.

Воланот на автомобилот е позајмен од моделот Fabia. Моторот се стартува со копче, кое наликува на автоматски климатик. Инфотејмент системот е со седуминчен дисплеј, додека целосниот дизајн на салонот е типично во знакот на Фолксваген.

Во споредба со кинеската Karoq, новото чешко возило ги има следните габарити. Должината е 4390мм (4432), ширина 1781 (1841), висина 1593 (1614), а растојанието меѓу оските е 2610 мм (2688). Верзијата за Европа ќе биде со помалку габарити.

Основниот Kamiq во Кина ќе се нуди со атмосферски мотор на бензин. Ќе биде 1,5 литарски MPI (ќе има 110 коњски сили) и механички менувач. Новиот модел ќе биде најевтината Skoda не само во Кина туку воопшто.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK