Mercedes го објави официјалниот цртеж на новата GLA

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата закажана за 11 декември, Mercedes го објави официјалниот цртеж од новата генерација на SUV моделот GLA.

Со цртежот, германскиот производител го потврдува она што и се очекуваше околу изгледот на новата GLA. Досега објавените неофицијални рендери всушност го отсликуваат изгледот на серискиот модел.

Од претходно е познато дека новата генерација ќе се темели на MFA2 платформата која сега му обезбедува зголемена пространост благодарение на поголемото меѓуоскино растојание.

Инаку досега е претставена само една генерација на овој модел со три верзии: GLA-Class, GLA фејслифт и GLA 45 AMG. Производството и на новата, втора генерација ќе продолжи во Германија, Индија, Тајланд и Бразил.