Одговорна полицијата: Во Швајцарија ќе се патролира со електрични автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Швајцарската полиција се поднови со 13 електрични автомобили кои ќе ги користи за патролни цели.

Сите автомобили се од моделот Kona на Hyundai кои беа одбрани како најсоодветни на јавно објавениот тендер од страна на швајцарскиот кантон Сент Гален.

Во тендерод како главен критериум се земаше цената. Така еден автомобил треба да чини помалку од 50 илјади швајцарски франци, а како критериуми се наведуваат и моќноста како и автономијата. При тоа, Kona успеа да победи благодарение на понискаа цена споредбено со моделот 3 на Tesla, но и подобриот дострел кој изнесува 449 км со едно полнење наспроти 415 на Tesla Model 3.

Hyundai Kona Electric

Сите 13 автомобили ќе бидат користени за патролни цели во кантонот Сент Гален, a најголем дел ќе бидат лоцирани во поголемите градови како Сент Гален, Вил, Бухс и Раперсвил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK