Renault TREZOR избран за најубав концептен автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

На 32. Меѓународен фестивал на автомобили што одржува во Париз, моделот Renault TREZOR ја доби наградата за најубав концептен автомобил за 2016 година.

Во својата одлука жирито објасни дека наградата ја добива TREZOR поради исклучителната убавина, сензуалност и елеганција, но и кохезијата на дизајнот и посветеноста на деталите.

Линиите на TREZOR се топли, сензуални и префинети, а неговиот впечатлив преден дел го красат препознатливи Renault светла во облик на буквата Ц. И идните модели на Renault инспирација ќе црпат од TREZOR па нивните линии ќе бидат повеќе флуидни и зрели.

Дизајнот во внатрешноста го нагласува уживањето во возењето. Има опкружување полно со контраст на топли, престижни материјали како што се кожа и дво. Внатрешноста на идните модели на Renault инспирација пронаоѓат во се попрефинетите трендови на дизајн и технологијата на поврзување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK