Кога студентите дизајнираат: возило за плажа – Skoda Element

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda го претстави новиот концепт наречен Element. Возилото е базирано на Citigo, и всушност Element е двосед баги возило креирано од 22 студенти кои посетувале стручно уличиште на Skoda.

Тимот работел на возилото од октомври лани и биле потрошени околу 1.500 работни часови во неговиот развој. За да се трансформира Citigo во Element студентите го отстраниле покривот, создале сопствени панели за каросеријата и други детали, а за интензивното прилагодување се барал напор од ученици од девет различни области, вклучувајќи и сликари, електричари, механичари и специјалисти по логистика.

Skoda не ги открива техничките спецификации, но потврдува дека возилото има електричен погон и електричен мотор што произведува 80 КС, што укажува на фактот дека концптот го има истиот мотор како и Volkswagen e-Up!

Стручното школо на Skoda е со седиште во Млада Болеслав каде е седиштето на компанијата, и е застапник на обука која е комбинација на „вистински микс на теорија и практична обука“. Според компанијата, проект каков што е Element ги поттикнува студентите што е од особено значење бидејќи моментно има недостаток на млади инжењери во многу технички области.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK