Доаѓа и VW ID.5 – до крајот на годинава (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Заедно со светската премиера на првата спортска понуда во своето ID семејство – ID.4 GTX од, Volkswagen исто така го најавиja и следниот чекор на компанијата во својата стратегија за масовна електрификација.

На крајот од презентацијата на ID.4 GTX, Volkswagen објави кратко промо видео на целосно новиот ID.5 и најави дека ќе биде претставено пред крајот на оваа година.

„Семејството ID, се разбира, ќе продолжи да расте“, објавиja oд VW. „Нашeто следно ID ќе биде поврзанo со елеганцијата на линиите во купеоблик што се прелеват. Секако, овој автомобил ќе пристигне и во верзијата GTX“.

Засега само кратко видео, а наскоро веројатно и повеќе детали.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK