Honda што учи од вашите емоции

ОБЈАВЕНО НА:

Главна звезда на штандот на Honda на саемот во Женева беше новата Civic Type R, но секако имаше и други интересни возила. Еден од тие нови експонати беше и NeuV Concept, што е кратенка од New Electric Urban Vehicle. Ова е европско деби, бидејќи истото претходно беше претставено на CES саемот во Лос Анџелес.

Станува збор за градско возило (студија) направено за да искористи и кога истото нема да се користи од сопственикот. Според некои проценки дури 96 отсто од времето возилата во приватна сопственост се во позиција на мирување, а Honda сака тоа да го искористи бидејќи овој автомобил има можност за автоматизирано возење според „ride sharing“ принцип кога тоа не го прави сопственикот.

NeuV има вештачки интелегентен аистент што користи „мотор на емоции“ и се нарекува HANA (Honda Automated Network Assistant). Toj систем учи од возачот, така што ги детектира емоциите што се зад неговите одлуки и притоа може да го примени наученото на сугерирање на нови опции и препораки.

Honda NeuV Concept

Друга интересна карактеристика на оваа студија се „ножички“ вратите што овозможуваат полесен пристап до кабината, панорамско ветробранско стакло, Kick`n Go електричен концепт на скутер сместен во багажниот дел зад едно од седиштата, смислен како превоз за друга рута на возачот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK