Германците се изјаснија: Се бара ограничување на максималната брзина во новите возила

ОБЈАВЕНО НА:

Полн гас или силна кочница? Одговорите на ова прашање односно доброволното ограничување на брзината кај новите автомобили се изненадувачки. Околу 60 проценти од сопствениците на возила во Германија го поддржуваат брендот Volvo за ограничување на максималната брзина на новите автомобили на 180 км/ч. Освен што идејата е да се избегнуваат несреќи од компанијата очекуваат и помалку емисии на штетни гасови.

Во репрезентативното истражување од страна на AutoScout24 и Innofact од 1041 сопственик на автомобили, 67 проценти од жените се за оваа мерка и 52 проценти од мажите. Еден од секои двајца (49 проценти) верува дека тоа може да ја зголеми целокупната безбедност за движење на патиштата. Со 55 проценти одобрување жените гледаат корист од оваа иницијатива, а мажите се согласни со ова до 43 проценти.

Еден од секој трет (37 проценти) е на мислење дека намалувањето на брзината е неоходно за да се одделува помалку CO2 во атмосферата.

Критичарите на политиката на ограничување (21%) сметаат дека е апсурдно, со оглед дека сè уште нема ограничување на максималната брзина по автопатиштата во Германија. Вкупно 19 проценти се на мислење дека ограничувањето од 180 км/ч нема да одговори на очекувањата во однос на ризикот од несреќи и намалување на CО2. Покрај тоа 19 проценти гледаат на вештачко гасење едноставно како уште една контрола на слободата на возачот.

Кај нас се уште имаме дебата дали хибридите и електричните возила треба да добијат субвенција, или пак да се субвенционира увозот на половни возила…. Светот оди напред…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK