Duracell акумулаторите пристигнаа во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Приказната за батериите на Duracell и играчката со розевото зајаче кое продолжува да се движи иако сите други зајачиња веќе немаа сила од батеријата, им е добро позната на сите.

A зимата е најчесто годишно време кога сите возила имаат проблеми со акумулаторите и стартувањето на моторот особено кога температурата е под нулата. Затоа особено важно е да се има доволно квалитетен акумулатор што нема да ве изневери и ќе ви овозможи безгрижно стартување на моторот.

akumulatori-duracell-promocija-vo-makedonija-14

Но, Duracell не е познат само по батериите што се користат за играчките и секојдневнат аупотреба, туку и по производство на акумулатори за возилата. Уште од 1973 година Duracell е познат по производството на долговечни батерии. Оттогаш розевото зајаче пропатува многу низ светот.

Во бизнисот со акумулатори Duracell е од 2013 година, што ги прави најмлада компанија, која има зад себе искуство, но сега решава да понуди и квалитет плус на своите клиенти. За овој период компанијата веќе направи обрт од 14 милиони евра и е пристна во 26 земји.

akumulatori-duracell-promocija-vo-makedonija-2

Од 25 декември 2016 година на мапата на земји каде се продаваат акумулаторите на Duracell се наоѓа и Македонија. Компанијата Макбат ДОО е застапникот за овие батерии во нашата земја. Во годината кога компанијата прославува 49 години постоење, Duracell е само уште еден бренд што се наоѓа во портфолиото на компанијата.

Розевото зајаче во иднина нема само да се радува на продолжениот живот на играчките, туку сигурно ќе значи и посигурно возење на автомобилите и другите превозни средства во кои ќе се вградуваат акумулаторите на Duracell.

akumulatori-duracell-promocija-vo-makedonija-19

Фото: Орце Поповски

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK