Запознајте ги најголемите „чудовишта“ на тркала (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Нивните димензии се импресивни, па дури и застрашувачки. Овие мамутски кипери сепак постојат, и ќе ве остават со стравопочит.

Овие возила се со специјална намена, неможе да ги видиме во секојдневието, па затоа многумина и не знаат дека тие постојат.

Еволуцијата на кипер камионите доведе до пораст на нивните димензии, и посматрачите ги остава изненадени, а сето тоа во потрага по поголема ефикасност.

Belaz 75710 е кајголемиот кипер на светот, со можност да пренесе товар до 500 тона. Ви ги претставуваме петте најголеми кипери во светот базиран на нивниот капацитет за транспорт.

Belaz 75710

Со капацитет од 496 тона, тоа е најголемиот кипер на светот. Моделот е развиен од страна на белоруска компанија за да с енаправи возило кое ќе може да пренесе доволно количество руда за една руска компанија со рудници.
Има должина од 20,6 метри и висина од 8,16 метри и ширина од 9,87 метри. Тежи 360 тона и користи гуми на Michelin. Има дизелски мотор со турбокомпресор и 16 цилиндри. Развива 2332 КС, и максималната брзина им е 64 км/ч.

Caterpillar 797F

Ова е вториот најголем кипер на светот и има капацитет за пренос на 400 тона товар. Вкупната тежина што може да ја поднесе 687,5 тона, и е долг 14,8 метри, висок – 6,5 метри и широк 9,75 метри.
Има дизелски C175-20 мотор, четиритактен турбокомпресор и трансмисија што има хидраулика. најголемата брзина е 68 км/ч.

Terex MT6300AC

Овој модел може да понесе товар од 400 тона. Неговата тежина е 660 тона, и е долг 14,63 метри, висок 7,92 метри. Има мотор со 20 цилиндри, четиритактен мотор и електричен алтернатор што го напојува електричниот мотор монтиран на задната осовина.

Liebherr T 282C / T 284

Тоа се два кипери со капацитет од 400 тона, дизајнирани и произведени од инженерите на Liebherr. тежат 661 тон, и двата се долги 15,69 мтри, широки 9,67 метри и високи 7,42 метри. Двата имаат мотори со 20 цилиндри со сила од 3750 КС и се движат со максимална брзина од 64 км/ч.

Belaz 75601

Овој модел може да носи товар до 396 тона, и е дизјаниран да може да транспортира материјали на површината од отворените рудници.
Има тежина од 672 тона, и должина од 14,9 метри. Користи електромагнетен пренос со 20 цилиндри, четири тактен дизел V мотор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK