Hyundai i20 добива “N” ознака

ОБЈАВЕНО НА:

Откако минатата година ја претстави новата генерација, моделот i20 наскоро ќе добие спортска изведба со што ќе ја добие наставката “N”, потврдуваат од Hyundai.

Според пишувањата, под хаубата оваа спортска изведба ќе располага со 1.6 литарски T-GID мотор кој доаѓа со 200 КС и во комбинација со атоматски менувач. Во однос на екстериерот, тука се новите фелни, предните и задни спојлери кој даваат значително поголем агресивен изглед додека во внатрешноста се наоѓаат спортските седишта како и педали.

Иако нема официјални информации околу комерцијализацијаа на оваа изведба, сепак се шпекулира дека аа во продажба ќе се појави до крајот на годината како конкурент на Ford Fiesta ST и VW Polo GTI.

Претходно Hyundai го потврди доаѓањето на N изведбите на моделите i30, i30 Fastback како и моделот Tucson кој ќе биде прв SUV со оваа назнака.