Проблем за Mercedes: Новата CLA „падна“ на тестот на „северен елен“ (Видео)

Можеби ќе се сетите кога првата генерација на A Class на Mercedes не го мина тестот на „северен елен“ што предизвика многу бура во автомобилскиот свет, па Германците мораа да го „доработуваат“ моделот, за потоа да покажат дека всушност истиот е исправен. А Шведскиот новинар што тоа го откри имаше доста „проблеми“. Но, проблемите за Mercedes продолжија, па сега истиот тест не го мина ниту моделот CLA. Овојпат во главна улога не беа Швеѓани, па нема да може да се зборува за некоја пристрасност. Очигледно е дека CLA не е добро „наместена“.

И покрај својот атлетски изглед, новата генерација на Mercedes-Benz CLA, која како својот претходник, се заснова на архитектура на предните тркала со достапен погон на сите тркала, на тестот на новинарите од KM77 не успеаја да го минат т.н. „тест на северен елен“, или стандардниот тест на ненадејно избегнување на пречки на патот со вртење на управувачот и повторно враќање на стариот правец.

Имаше повеќе обиди, но тестот извршен при 76 км/ч. не помина. Mercedes CLA ги буткаше поставените пречки. Требаше неколку обиди, различни возачи, и н акрајот дури при брзина од 66 км/ч/ се заврши според посакуваното. Но, тоа не е добро.

Во објаснувањето се вели дека возилото не го минало тестот поради различни причини, и имал проблем со недоволно доброто прилепување со подлогата на предните гуми и ESC затаил во одредени моменти. Биле тестирани неколку различни каросериски изведни и различни мотори.

CLA Coupe имал 1,3 литарски бензински мотор со 161 КС, и ги удрил конусите поставени на асфалтот. Потоа го тестирале и CLA Shooting Brake на истата патека но со 2,0 литарски дизелски мотор со 148 КС. Моделот со пет врати имал иста опрема, исти гуми Bridgestone Turanza T005 225/40 и со 19 инчни фелни. Резултаот бил малку подобар.

На патеката за слалом, четириватниот CLA минал многу подобро. Возилото било опишано како подвижно и респонсивно, со „остар управувач“ и без интервенција на електронските помагала, се додека се движи со умерена брзина.

Видеото ги покажува деталите…