Полицијата ги фатила службеници на GM додека се тркале со најновата Corvette

ОБЈАВЕНО НА:

Несекојдневна вест доаѓа од САД. Службени лица на американскиот производител General Motors (GM) биле фатени од полицијата додека се тркале.

Настанот се случил во американскиот град Боулинг Грин во Конектикат во чија близина се произведуваат автомобилите од моделот Chevrolet Corvette Stingrey.

Во соопштението објавено од локалната полиција се наведува дека Александер Тим и Марк Деркац, вработени во фабриката, се натпреварувале возејќи ги автомобилите со брзина од 160 километри на час и тоа на делници каде е дозволено 70 километри на час. Се наведува дека Тим постигнал и максимална брзина од 193 километри на час.

Оваа информација ја потврдија од GM од каде наведоа дека станува збор за “тест возење”. Против Тим и Деркац се поднесени соодветни обвиненија, а според законите, покрај парична, им се заканува и затворска казна.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK