Нов изум: Алката Proof го мери нивото на алкохол во крвта преку потта

ОБЈАВЕНО НА:

Кога возите не треба да пиете. Но, ако пиете и сакате да знаете колку сте пијани, не мора да дувате во дрегер, алката од компанијата Milo Sensors може да го измери нивото на алкохол во крвта и податокот да ви го прати на мобилниот телефон.

Milo Sensors е американска компанија која специјализирана за производството на биосензори кои се носат на телото како украс, како и алката Proof која го детектира нивото на алкохол во крвта. Сензорите може да детектираат повеќе различни хемикалии присутни во телото според потењето на кожата. Milo Sensors производот го претстави годинава, и тоа како сензор кој може да ви помогне дали да нарачате уште една пијачка додека сте излезени со пријателите, а тие да не забележат дека проверувате уште колку алкохол може да издржите пред да биде премногу. Иако со него можете и да следите дали вашето малолетно дете пие алкохолни пијалоци.

„Откако ќе го ставите сензорот околу зглобот на раката, ги сетирате алармите кога да ве предупреди дека нивото на алкохол во крвта е ја достигнало границата која сте ја поставиле, и се поврзувате со апликацијата која ќе ви го прати предупредувањео на мобилниот телефон. Сензорот може да го следи нивото на алкохол во континуитет и да имате и претстава колку бргу се опивате“, објаснува Иван Штренк од Milo Sensors.
Сензорот има можности да детектира и кофеин.

Proof на американскиот пазар треба да се најде во текот на годинава и се очекува да чини од 100 до 150 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK