Нема простување: Во Филипини се уништуваат возила Ferrari одземени од криминалците (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Уште едно хорор видео доаѓа од Филипини. Тамошните власти веќе неколку месеци во континуитет уништуваат луксузни автомобили за кои не е платена царината, а последното видео покажува како багери уништуваат ново Ferrari 360 Spider.

Претседателот на земјата Родриго Дутерте уште минатата година најави беспоштедна борба против криминалот во земјата, а во меѓувреме беа уништени стотици луксузни автомобили од брендовите на Maserati, Porsche, Lamborghini, Mercedes, Jaguar, Aston Martin…

Последното уништување на луксузното Ferrari предизвика најразлични реакции, а најчести се оние кои сметаат дека овие автомобили треба да бидат продадени на аукција, а парите искористени за помош на сиромашните во земјата.

Видеото од моментот на уништување на автомобилот е прикажано во продолжение.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK