Чиста околина за сите: VW ќе гради станици за полнење и во сиромашните региони

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen Group ги извести калифорниските власти дека ги ќе ги зголеми усилбите за изградба на инфраструктура и во посиромашните заедници, како одговор на регулаторните забелешки дека планот на VW има пропусти.
Одборот за воздушни ресурси на Калифорнија во мај соопшти дека одделот на Volkswagen, Electrify America (Електрифицирај ја Америка) треба да објасни како планира да потроши 35 проценти од фондовите во областите со ниски приходи.

VW се согласи да потроши 800 милиони долари во Калифорнија и вкупно две милијарди долари во САД на инфраструктура за еколошките чисти возила за да се искупи за измамата со емисиите на дизел возилата.

Критичарите, конкурентот во изградба на станици за полнење на електрични возила ChargePoint, како и некои автопроизводители, тврдеа дека е можно VW да ги игнорира посиромашните области, каде то државата сака да промовира чисти возила.

Производителот на електрични возила, Tesla заедно со неколку производители на станици за полнење го поддржаа VW. Според дополнителниот план, кој VW го објави минатата недела, компанијата планира да потроши 35 отсто од инвестицискиот фонд во посиромашни области, и тоа во периодот од првите 30 месеци кога се планира инвестиција на првите 200 милиони долари.

Според главниот извршен директор на Electrify America, Марк Мекнаб компанијата одлучила да инвестира во станици за полнење во шест посиромашни заедници наместо во пет, иако промената не влијае на буџетот наменет за таа цел.

Од 2 до 3 милиони долари ќе се потрошат за едукација со групи кои имаат пристап во посиромашните заедници, а работат да се создаде мрежа на сопственици на половни електрични возила.

Повеќе од половина од буџетот за изградба на станици за полнење близу автопати ќе се инвестираат во области каде нема голем сообраќај.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK