Задната камера задолжителен дел од сите нови автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Безбедноста е секогаш на прво место, барем во САД. Последна во низата на одлуки поврзани со безбедноста во сообраќајот е онаа која предвидува сите автомобили произведени по 1 мај 2018 година задолжително во основната опрема да имаат и т.н. задна камера.

Иницијатори на оваа регулатива се бројните невладини организации кои изминатиов период активно лобираа околу воведувањето на стапувањето на оваа регулатива во сила. Сепак оваа одлука беше донесена уште во 2014 година кога американското министерство за транспорт и Националната администрација за безбедност на сообраќајот на патиштата наложија задните камери да бидат вклучени во сите нови возила почнувајќи од 1 мај 2018 година. Тоа значи дека автопроизводителите имаа рок од цели четири години за да се прилагодат на овој закон.

Групите лобисти за безбедност во сообраќајот кој беа иницијатори на овој закон не застануваат тука. Како што соопштуваат тие ќе продолжат да дејствуваат се додека и посеопфатната опрема за активна безбедност не стане дел од стандардната опрема. Во оваа опрема тие ги наведуваат системите и можностите за автоматско стопирање во случај на опасност, предупредување за слепа точка, предупредување за напуштање на лента и слично.

Иако повеќето автопроизводители навремено се прилагодија на новата регулатива, сепак се чини дека најголем проблем ќе имаат Porsche и BMW кои задната камера ја вградуваат во автомобилите со скапи опционални пакети односно истите ги продаваат како додатна опрема.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK