(ВИДЕО) СВЕТСКИ РЕКОРД: Во Suzuki Vitara влегоа 23 лица

Мало на изглед – големо одвнатре. Со тие зборови може да се опише Suzuki Vitara која успеа да собере во внатрешноста 23 лица и да постави нов светски рекорд. И резултатот не е воопшто лош за автомобил со меѓуоскино растојание од 2500 mm.

Достигнувањето на Vitara беше забележано за време на „Денот на семејството“ од Suzuki во Шпанија, посветен на 20-годишнината од Suzuki Motor Iberica. Така, јапонскиот производител уште еднаш нагласи дека Vitara има еден од најголемите внатрешности меѓу компактните кросовери.

Шест лица седнаа на предните седишта, а останатите 17 се собраа зад нив. За да има повеќе простор отстранети се задните седишта. Така добиваат багажен простор со волумен од 1119 литри. За експериментот, Suzuki избра млади луѓе со просечна висина, кои поседуваат „голема флексибилност и ентузијазам“, како што објаснуваат од компанијата.

Сегашната, четврта генерација на Vitara излезе во 2015 година. Во Европа доаѓа со 1,4-литарски турбо бензински мотор, надополнет со 48-волтен стартер-генератор. Максималната моќност на погонскиот систем е 127 КС. и 235 Nm. На некои пазари кросоверот е достапен во хибридна верзија со 1,5-литарски мотор и моќност од 115 КС.
Минатата година на Стариот континент беа продадени околу 40.000 примероци од моделот.