Веќе 52 години вози ист автомобил – Porsche 356

ОБЈАВЕНО НА:

Увезен од Германија, но возен 52 години во Калифорнија, неодамна „првиот сопственик“ го прослави и јубилејот – 1.000.000 милји (1,6 милиони километри)

Многу ретко се случува еден ист автомобил да биде во посед на ист човек, а уште помалку заедно да минат 1 милион милји (1,6 милиони километри). Меѓу оние што „големата љубов“ ја сочувале и за стари денови е Гај Њумарк од Калифорнија. Тој има Porsche 356 што се уште го вози, стар е 52 години и има минато 1 милион милји. Возилото има и прекар – „блу“.

Вакви модели Porsche 356 биле произведени околу 76.000, а се верува дека половина од нив се уште се на патиштата. Њумарк го добил автомобилот како подарок кога дипломирал, од неговиот татко. Сега Њумарк има 72 години.

Тајната на долговечноста на моделот е штосе вози и одржува правилно. Масло се менува на 5.000 километри, а сите делови се менуваат по потреба. Од друга страна и благата клима во Калифорнија придонесува за долговечноста.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK