Ford ќе ги предупредува возачите за дупките на патот

ОБЈАВЕНО НА:

Во фаза на тестирање е нов систем што ќе ги предупредува возачите на дупките што се на патот по кој се движи автомобилот. Новиот систем го развива Ford, a истиот треба да предлага алтернативни патишта што се најбезбедни за возилото.

Системот ќе функционира на тој начин што на екранот на инфо-забавниот систем ќе покажува предупредување кога автомобилот ќе дојде до некоја дупка, а предупредувањата ќе бидат со различен интензитет во зависност од опасноста од дупката.

Сѐ ќе функционира на тој начин што сензорите на автомобилот ќе ги детектираат дупките на патото. Потоа сите податоци се обработуваат во реално време во центарот за иновации на Ford во Германија. Тие податоци потоа речиси автоматски се импелментираат во мапата, така што системот ќе може да ве предупреди веќе за неколку минути откако ќе се појави нова дупка на патот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK