Крај за легендарната американска лимузина

ОБЈАВЕНО НА:

Популарноста на SUV моделите во САД оди на штета на лимузините кои беа на врвот на побарувачката со децении. Последен во низата производители кои повлекуваат модел од тој сегмент е Lincoln.

Американскиот производител официјално го соопшти крајот на моделот Continental произведувајќи го последиот примерок на 30 октомври во фабриката во Флет Рок, Мичиген.

Lincoln повлекувањето го најави уште минатата година, најмногу поттикнати од  континуираниот пад на побарувачката. Така во 2017 година се продадени само 12.013 примероци, 2018 година 8.758 примероци, минаатата година 6.586 примероци, а во првите девет месеци од годинава само 3.872 примероци.

Засега останува нејасно дали Lincoln можеби работи на новата, 11-та генерација на овој модел.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK