Половно Maserati што го возел Лионел Меси се продава за 119.00 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најдобрите фудбалери на светот Лионел Меси службено мора да вози автомобил на Audi, бидејќи Германците се премиум партнер на екипата на Барселона. Но, тој во својата гаража има и други возила што повремено го „развозува“.

Меси одбра Audi Q7 што ќе треба да го вози следните 12 месеци

Меси е истовремено амбасадор на Tata Motors, но сепак повеќе е љубител на суперлуксузни и суперспортски автомобили. Тоа е сосема разбирливо ако се има предвид дека вредноста на Меси се проценува на 280 милиони долари.

Еден од моделите што Меси ги возел сега се продава како половно возило во Германија, преку интернет. Се работи за моделот Maserati Gran Turismo MC Stradale oд 2012 година. Се тврди дека има и документи како доказ дека тој автомобил навистина му припаѓал на Меси.

Моделот има минато 46.000 киломтери

Моделот има 4.7 литарски V8 мотор што произведува 450 КС, и му овозможува на автомобилот до 100 км/ч да забрза за 4,5 секунди. Максималната брзина што може да ја постигне е повеќе од 300 км/ч.

Има минато 46.000 км. и се продава по цена од 119.900 евра, што е навистина премногу, и за 20.000 евра може да се купи ист таков модел. Но, зад воланот на овој автомобил сепак бил Лионел Меси, а тоа сигурно некому ќе му значи и ќе ја плати сумата што се бара.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK