Кој хороскопски знак ви е најдобро друштво за патување?

ОБЈАВЕНО НА:

Да се одбере совршениот партнер за патување понекогаш знае да биде навистина комплицирана и зезната работа. Сигурно многупати сте си поставиле прашање кој пријател ви е идеалeн сопатник, која со вас дели исти интереси кога се во прашање патувањата и има иста визија за совршен одмор.

Астролозите тврдат дека многу од одговорите на ова прашања ги крие хороскопот. Затоа, пред да почнете да планирате каде и со кого би оделе на следното патување, проверете кој ви е идеален астралошки партнер за патување, според препораките на познатиот астролог, Сузан Милер.

Овен

Родени сте за водач, пионер и истражувач што значи дека на одмор сакате да бидете активни. Истражувањето на нов град, планинарењето или спортските активности се наоѓаат на списокот на она што ве интересира на патувањата. Со оглед на тоа дека сте многу независни и не сте тимски играч, најсреќни сте кога времето го минувате еден на еден. Поради тоа вашиот идеален сопатник е вашиот партнер или блиска пријателка. Најмногу ви одговараат личности родени во знакот на Лав. Без оглед што сте заинтересирани за провод на отворено, додека Лавот повеќе ужива во префинети работи, заедно ќе успеете да најдете рамнотежа.

Бик

Ако сте родени во знакот на Бикот тогаш сте сензуални и сакате самите себе си да се размазите. Затоа планирајте одмор полн со луксуз, но некаде каде што можете да се опуштите во некој екслузивен ресорт или хотел со wellness. Вашиот идеален партнер за патување се Рибите бидејќи многу лесно знаат да се прилагодат на сè.

 

Близнаци

Сакате да патувате, да учите и да пробувате нови работи. Често сте немирни, па сигурно ќе посакате одмор на кој накратко ќе заборавите на своето секојдневие. Затоа  испланирајте патување со брат или сестра или одете на една од групните тури за да запознаете нови лица. Вашиот идеален астролошки партнер е Стрелецот бидејќи и двата знака се енергични интелектуалци.

Рак

Најчесто е најсреќен дома, но тоа не значи дека од време на време не треба некаде да се отиде. Раковите сакаат да се дружат со родителите па затоа вашиот идеален одмор е оној на кој ќе уживате со членовите на семејството. Не сакате многу да се движите на одмор и главно одморате. Најмногу ќе уживате на патување со организирана Девица која ќе се погрижи за сите детали околу патувањето.

Лав

Лавовите уживаат во гламур и во сето она што е возбудливо, а преферираат да отседнат во луксузни хотели и да вечераат во ресторани со Мишленови ѕвездички. Со оглед на тоа дека сакате култура, купете влезници за балет или опера или придружете се на некој екслузивен members only клуб кој има локации низ светот, каде ќе можете да запознаете луѓе кои се слични на вас. Ќе уживате да патувате со тие нови пријатели со кои делите ист вкус. Вашиот идеален партнер се Близнаците бидејќи сакате да го истражувате светот.

Девица

Секогаш многу оргнизирана, Девицата своите идни патувања почнува да ги планира месеци однапред. Со оглед на тоа што го цените вашете време, истражете сè што дестинацијата на која одите ви нуди пред да отпатувате. Девиците често воспоставуваат блиски односи со луѓето на работа, па би уживале на патување со колега во кој имате доверба. Вашиот идеален партнер се Рибите.

Вага

Вагата ја карактеризира рамнотежата, па доколку сте во брак или во врска, партнерот ви е идеален сопатник. Ако сте во потрага за љубов, тогаш тргнете на соло патување. Вагата е најдруштвениот знак во зодијакот, што значи дека вас сите сакаат да ве запознаат. Сакате ноќен живот така што нема долго да бидете сами. Близнаците ви се одлични партнери за патување бидејќи сте друштвени, сакате да истражувате, енерични сте и пријателски настроени знаци.

Шкорпија

Ова е најстраствениот хороскопски знак и најмногу сака да патува со партнерот. Го цените сопствениот простор и не сакате бесмислени разговори, па ако патувате со пријателка, резервирајте соба во која ќе бидете сами за да имате време за медитација, читање и одморање. Секогаш ќе бидате дестинации во близина на вода и со задоволство ќе останете на едно место и темелно ќе го истражите. Слично како и раковите, поради што добро функционирате како двојка кога сте заедно на пат.

Стрелец

Можете да го пратите каде било на светот и тој добро ќе се снајде. Патувањата не се нешто во што уживате. Едноставно патувањата се ваша потреба и ништо не ве прави посреќни отколку кога патувате. По можност што подалеку. Склони сте кон патување сами бидејќи имате авантуристички дух, па каде било ќе пронајдете пријатели. Ако сакате да патувате со некого, Овенот е вашиот идеален партнер.

Јарец

Сакате историја, па ко уште не сте тогаш задолжително посетете го Рим. Јарецот е најамбициозниот знак во зодијакот, па напредувањето на работа секогаш ви е некаде во потсвеста поради што сакате службени патувања. Повеќе сте за разгледување на културни места отколку за излежување на плажа, исто како и Девицата која ќе ви биде идеален сопатник.

Водолија

Со Водолијаа владее уран, а тоа е планета за иновации и наука, па припадиците на овој знак често знаат да ги доведат во прашање, правилата и прописите. Со оглед на тоа што постојано сте во тек со актуелните случувања и ве мачи неправдата низ светот, можете да отпатувате некаде каде што ќе имате можност да помогнете. Покрај тоа, ќе уживате во патувања кои ги прошируваат вашите знаења за вселената и астрономијата. Исто како и Стрелецот, сакате да патувате сами, а Близнаците ќе ви бидат одличен партнер, кој сака да испроба и да доживее исто работи како и вие.

Риби

Рибите уживаат во посетите на цркви и верски објекти, не само поради духовното искуство туку и поради тоа што се воодушевуваат на историските убавини. На патувањата ќе бидат среќни ако немаат многу од тоа испланирано. Рибите често се силно поврзани со своите мајки, па следниот пат кога некаде ќе се упатите поведете ја и неа. Што се однесува до хороскопскиот знак, најмногу ви одговара Бикот, кој исто така ужива во истражувањето на културните и природни убавини.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK