Rolls Royce ја редизајнираше препознатливата статуетка на хаубата

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најпрепознатливите начини да го идентификувате автомобилот со Rolls-Royce секако е да го видите познатиот украс што се наоѓа на предниот дел од хаубата. Низ историјата таа фигура доживуваше одредени редизајни и намалувања. Точно 111 години по официјалната регистрација како интелектуална сопственост од страна на Rolls-Royce, компанијата претстави нова интерпретација на својот амблем Spirit of Ecstasy, развиена со идејата за електричната иднина на брендот.

Украсот претстставуваат крилја, иако всушност тоа е фустан на женствена фигура. Ставот на фигурата останува цврст, свртен на напред. Но, ако се погледне подобро може да се забележи дека Spirit of Ecstasy не стои рамно како порано. Наместо тоа фигурата има свиткани нозе. Телото сега агресивно се наведнува наведнува напред.

Од Rolls-Royce велат дека иконската статуетка е редизајнирана со идеја како да биде интегрирана во предниот дел на првиот целосно електричен Spectre на марката, кој ќе биде најаеродинамичниот автомобил во историјата на марката.

Практичниот аспект на овие промени е подобрата аеродинамика. Новата статуетка е малку пократка, а обликот треба да обезбеди помал отпор на ветер.

Од Rolls-Royce коментираат дека новиот Spirit of Ecstasy – 82,73 mm, има подинамичен држач и е понизок од сегашната верзија, висока 100,1 mm, а во име на подобрениот проток е променета формата на наметката. Позицијата на нозете исто така е променета, бидејќи тие повеќе не се една до друга.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK