Германците советуваат: Што да купите за 5.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Списанието Auto Bild направи анализа за годишниот извештај на Асоцијацијата на терхничките прегледи на Германија (TÜV) и ги избра најдобрите половни возила според цените до 5.000 евра. Автомобилите се поделени на основа на годината на производство на 2-3, 4-5, 6-7, 8-9 и 10-11 години.

А кога советот и препораката доаѓаат од Германците и од TUV тогаш вреди да се прочита. Тоа може да биде добра препорака доколку и вие сте решиле да купите автомобил, а притоа несакате да потрошите многу пари.

Во три категории на најстарите модели без конкуренција е Volkswagen Golf Plus. Со оглед на тоа дека се смета за „пензионерски“ модел јасно е зошто е така популарен. Golf Plus нема некои изразени мани, а многу е застапен на пазарот на половни автомобили, па изборот е повеќе отколку солиден. Цените на Golf се движат од 1.800 за нешто постарите и за оние со поголема километража.

Во групата со стар „лист на раѓање“ се препорачуваат уште Ford Fusion кој може да се најде веќе од 1.000 евра, а нуди доста простор за долговечност. Иако е нешто поскапо за одржување, многу е рационално и купувањето на Audi A3 старо 8-9 години со оглед на квалитетот на изработка и доверка и покрај големата километража.

Во препорачаните модели, кои се ближат кон втората деценија од „животот“ се наоѓаат и VW Golf VI, кој може да се најде од 3.800 евра во Германија.

Ако ви е потребен градски автомобил со старост од 6-7 години, Auto Bild пред сè ви препорачува Mazda 2 по цена од 2.200 евра, која не е позната по некои слабости. Што се однесува до старост од 4-5 години, тука се истакнуваат Suzuki SX4 кој за 3.100 евра може да биде одличен избор ако ви е потребен модел кој нуди погон 4×4.

Ако имате ограничен буџет тогаш подобро е да се фокусирате на потрага за Peugeot 308. Францускиот адут доколку е редовно одржуван нуди многу за 2.500 евра. Доколку можете да „дофрлите“ до 4.500 евра, тогаш барајте семеен автомобил кој е поевтин за одржување, како Opel Merivа така што не морате да барате ништо друго.

На оние кои немаат доверба во автомобилите кои само што ја надминале гаранцијата, значи бараат нешто 2-3 години старо до 4.000 – 5.000 евра, пред сè им се препорачуваат Toyota Yaris и VW Polo, кои одлично „држат“ цена и после неколку години користење.

Па ако нешто ова ви помага добро. Само уште германските цени да можете да ги најдете на нашите автопазари.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK