Дивеел на автопат, поставил видео, па полицијата го уапсила (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата во Шпанија после речиси два месеци труд успеа да идентификува возач кој на автопатот од Бургос до Леон го возеше својот автомобил со дури 272 км/ч и тоа на место каде што има ограничување за само 120 км/ч. Возачот на автомобилот сакајќи да се пофали за тоа колку брзо возел практично самиот си пресудил бидејќи тоа предизвикало внимание кај полицијата која почнала истрага и успеала на крајот да го идентификува.

Лицето коешто го поставило видеото се обидело со манипулација да го сокрие моделот на автомобилот, но тоа не му успеало најдобро. Автомобилот е идентификуван и утврдено е дека се работи за Porsche Cayenne.

Брзо време после утврдувањето на марката на автомобилот е утврдено и имњто на неговиот сопственик, а се работи за 29-годишен возач од Кантабрија.

Возилото е веќе одземано, а властите во Шпанија веднаш ја отстраниле снимката од социјалните мрежи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK