Автопилотот на Tesla како „баба Ванѓа“ – предвиде сообраќајка (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Се уште постои поделеност околу тоа дали автономните возила ќе донесат поголема безбедност на патиштата.
Сепак сигурносните системи во возилата на Tesla Motors покажаа на дело како изгледа кога тие предвидуваат што може да се случи и како регира возилото. Последново видео е од сообраќајка во која возилот на Tesla го предвидува она што се случува.

Автомобилот на Tesla на автопат забележува дека поради невнимателно престигнување може да дојде до сообраќајка, и пред да се случи тоа се активира алармот, а потоа и сопирачките.

Така барем возачот што беше во возилото навреме сопре, и беше оневозможен верижен судар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK