Откажан саемот во Токио

ОБЈАВЕНО НА:

Додека очите на светската автомобилистичка јавност се вперени кон саемот кој во моментов се одржува во Шангај, лоша вест доаѓа од “Земјата на изгрејсонцето”. Како што пренесува организаторот, овој саем се одложува поради пандемијата на коронавирусот.

Извршниот директор на Toyota, Акио Тојода, кој е дел од раководството на овој саем, ја потврди оваа информација коментирајќи дека е многу тешко да се понудат атрактивните понуди во вакво окружување. “Следниот саем би сакале да го подобриме настанот организирајќи го под називот Tokyo Mobility Show” додаде Тојода.

Саемот во Токиот е еден од најпрестижните, покрај оној во Шангај и Пекинг. Се одржува на секој две години, а ова е прво одложува откако првично е воведен овој саем во 1954 година.

Се очекува следното издание на овој саем да се организира во 2022 или 2023 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK