Апсолутен рекордер: Mercedes-Benz минал 4,6 милиони километри

ОБЈАВЕНО НА:

Возило Mercedes-Benz 200 D е прогласено за апсолутен рекордер на изминати километри. Автомобилот досега има поминато 4,6 милиони километри, а бил користен како такси. Во 1981 година го купил Грегориос Сахиндес за сума од 6.000 марки со тогаш изминати 210.000 километри. Рекордот е регистриран 23 години подоцна, а според Mercedes Benz тоа е апсолутно најголемата дистанца на кола со ѕвезда на предната хауба.

Овој автомобил е возен главно низ улиците на Солун, а за време на кризата на Балканот има направено и 800 тури до Белград носејќи лекови.

Како што минувале годините имало промени на моторот. Од 200D (55 коњски сили) се претвора во 240D (65 коњски сили), а шасијата и каросеријата остануваат исти. Сахиндес направил две промени на моторот, а 11 пати извршил ремонт.

Ова возило е веќе во музејот на Mercedes Benz vo Унтертјуркхајм, а разделбата на таксистот со визолот било многу емоционални бидејќи имало и солзи. За да го утешат од Mercedes му подариле комплетно нов C 200 CDI.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK