Каналите AXN и STOP TV од сега на Вип

ОБЈАВЕНО НА:

Вип ја збогати својата понуда со два нови телевизиски канали, односно филмскиот канал AXN и музичкиот STOP TV. Каналите се достапни за сите нови и постоечки корисници на Vip TV, информираат од компанијата.

„Со воведувањето на филмскиот канал AXN, љубителите на филмските содржини ќе имаат можност да ги гледаат своите омилени филмови и серии со македонски превод, меѓу кои популарните акциони и крими серии Скорпија и Профилирање како и новата сезона од Тинејџер Врколак. Филмскиот канал AXN корисниците можат да го најдат на позиција 36 додека музичкиот канал Stop TV на позиција 104“, велат од Вип.

Vip TV пакетите овозможуваат во едно домаќинство да приклучат повеќе ТВ приемници на оваа услуга, и при тоа на секој приемник може да се гледа различна програма.
Информации за телевизиските канали на Вип можете да добиете на www.vip.mk или со јавување во Контакт центарот на 077 1234.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK